Акцизи и за тутун за наргиле, џвакање, шмркање....
Објавено во: Економија 09 Август, 2018
На македонскиот пазар конечно ќе има понуда на нови тутунски производи, како такви за наргиле, за џвакање, за шмркање и оној несогорливиот, но за тоа ќе мора да се плаќа и акцизи, кои се со различна висина и ќе се менуваат од година в година.
Законот за акцизи веќе е објавен и во истиот стојат предложените одредби за тоа колку треба да биде сумата што треба да се плати за овие тутунски производи кои не се класични наменети за стандардните зигари.