25 Август, 2019
0.0185

АКМИС-от одреди Кацарска да ги суди Велјановски, Јанакиески, Атанасовски и Ристовски, но таа одби

Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2019

АКМИС-системот за распоредување на предметите одредил Добрила Кацарска да им суди на обвинетите како организатори за настаните во Собранието на 27 април, но таа одбила бидејќи веќе формирала свое мислење за случајот, односно проценила дека тој став може да делува на нејзината пристрасност во текот на процесот.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, експретседателот на Собрание Трајко Вељаноски, ексминистерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски осомничени дека се организатори на упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

Според тоа Кацарска нема да може да го суди и овој предмет, откако го водеше оној во кој беа за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста при нападот на Собранието на 27 април 2017 година во Основниот суд Скопје 1 осудени беа 16 обвинети со вкупна казна од 211 години затвор.

Кацарска веднаш побарала изземање, но откако првично не била утврдена пристрасност и и било одбиено барањето утредента повторно поднела ново барање со кое побарала изземање од случајот поради оформено мислење од претходното судење. Согласно судската практика, судија кој врши оценка на обвинението на предмет не може да го суди

АКМИС системот предметот за оценка му го додели на судијата Горан Бошевски.



Можеби ќе ве интересира

Почина сопругата на Светозар Јаневски

Почина сопругата на Светозар Јаневски

ФОКУС НА ДЕНОТ: Сугарески: Се гради како никогаш досега - Втор ден од Г-7самитот

ФОКУС НА ДЕНОТ: Сугарески: Се гради како никогаш досега - Втор ден од Г-7самитот

Ахмети : Случајот „Рекет“ темелно да се истражи,одговорност за сите што направиле криминал

Ахмети : Случајот „Рекет“ темелно да се истражи,одговорност за сите што направиле криминал

Утре променливо облачно, сонце и топло

Утре променливо облачно, сонце и топло

Сугарески: Досега изградивме и рехабилитиравме преку 500 километри патишта

Сугарески: Досега изградивме и рехабилитиравме преку 500 километри патишта

Состанок на кризниот штаб: Големиот пожар кај Опеница ќе се гаси и со авиони

Состанок на кризниот штаб: Големиот пожар кај Опеница ќе се гаси и со авиони

ВИКЕНД БРИФ: Без вакцинален картон нема упис на деца во училиште - Јанева во посебен одел во Шутка

ВИКЕНД БРИФ: Без вакцинален картон нема упис на деца во училиште - Јанева во посебен одел во Шутка

Со фалсификувано свидетелство ресенчанец се вработил како полицаец

Со фалсификувано свидетелство ресенчанец се вработил како полицаец

Рахиќ: Јанева е во посебен одел во Истражниот Затвор Скопје

Рахиќ: Јанева е во посебен одел во Истражниот Затвор Скопје