29 Март, 2024
0.0285

Aко дојде на власт Кумуцакос ќе го менува Договорот

Објавено во: Балкан 20 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Ако дојде на власт одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, ќе менува елементи од Договорот со Македонија, кажа тој говорејќи за грчката телевизија „Антена“. 

„Како влада, ќе направиме сѐ што е можно, сѐ што е во наши раце, со преговарачки, дипломатски и политички средства, со контакти за да се смени оваа негативна разврска за земјата по Договорот, тоа е наша обврска“- изјави тој.

Рече дека нема шанси Нова демократија да го поддржи Договорот меѓу Македонија и Грција и нема да гласа за него, кога ќе дојде во парламентот.

„Доколку и кога ќе стане Влада, Нова демократија ќе направи сѐ, сѐ што има на располагање, со секое дипломатско и политичко средство, за да смени и да намали се што е негативно во договорот“- порача Кумуцакос.

Коментирајќи го Договорот, тој рече дека владата „во најдобри можни околности, донесе најлош можен договор“ и објасни зошто тие сметаат дека Договорот е лош.

„Комбинацијата на името Северна Македонија со прифаќање македонски јазик и македонска националност, оваа комбинација е експлозивна. Тоа навистина е основа на еден нов иредентизам. Зошто? Бидејќи постои една Северна Македонија и очигледно и Јужна Македонија, во очите на Скопјаните, не во нашите очи, за нас постои една Македонија“- објасни Кумуцакос.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, одговорниот за надворешна политика во најголемата грчка опозициска партија, повикувајќи се на објавените изјави од европски функционери и на поранешниот пратеник во Независни Грци, Димитрис Каменос, рече дека Владата можно е да преговарала за да добие нешто во замена и дека тој лично не може и не сака да поверува дека владата „за да земе нешто малку за долгот, даде нешто големо за нацијата“.

Можеби ќе ве интересира

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува