25 Април, 2024
0.0302

АКО ДОСЕГА СИ ДОЛЖЕА, СЕГА УШТЕ ПОВЕЌЕ - фирмите не плаќаат, а сакаат да им се плати

Објавено во: Финансии 27 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Ако и до пред кризата предизвикана од коронавирусот не беше тајна дека компаниите доцнат со плаќањата една кон друга, а речиси воопшто не се почитуваше Законот за финансиска дисциплина, сега состојбата е уште подраматична, коментираат за Фактор дел од бизнисмените во земјава.

Речиси секој секому должи и тоа е еден маѓепсан круг, кој воопшто не се успеа да се надмине со законското решение донесено пред неколку години.

Според бизнисменот Горан Рафајловски, дел од причините лежат во фактот што, како што вели, не бил добро осмислен самиот Закон за финансиска дисциплина, а контролната улога и се дала на Управата за јавни приходи, која според него, нема капацитет тоа да го спроведе, но и во стравот што фирмите го имаат да не ги изгубат клиентите, доколку ги присилуваат да плаќаат навреме и строго да ги почитуваат законските одредби.

Рафајловски вели дека состојбата со доцнење на плаќањата и досега беше лоша, но сега со кризата поради коронавирусот, дополнително се влошува.

„Не можеш некому да му бараш пари, кога знаеш дека и тој нема. Во вакви околности да се повикуваш на Законот за финансиска дисциплина, значи да го изгубиш партнерот за работа. Ова се вонредни услови, и во вонредни услови сите се бориме да опатснеме“, вели за Фактор бизнисменот Рафајловски.

ЗАКОНОТ И ДОСЕГА НЕ СЕ ПОЧИТУВАШЕ

Тој објаснува дека и досега не функционирал Законот за финансиска дисциплина, бидејќи не бил убаво предвиден, без вистински начин како да биде применливо тоа законско решение, ниту, пак, според него, се најде вистински контролен орган.

„УЈП, според мене, нема доволно кпацитет да ја исконтролира ниту наплатата на даноците, а не пак спроведувањето на Законот за финансиска дисциплина. Практично, овој закон никогаш вистински не профункционира. Можеби повеќе проблемите се решаваат преку тужби и барања, но законот никогаш не профункционира на дело за да ја исполни својата вистинска задача, а таа е да се дисциплинираат компаниите и да плаќаат во законски предвидениот рок“, објаснува Рафајловски.

Од друга страна, компаниите не ни сакаат да ги пријавуваат партнерите кога станува збор за „ситни пари“, бидејќи, вели Рафајловски, во тој случај пријавувањето е неисплатливо, односно поскапо е тоа, отколку побарувањето што ќе се наплати.

Она што Рафајловски сега може да го забележи, иако состојбата е влошена, е дека во принцип, компаниите кои и досега биле редовни со плаќањето, и сега се обидуваат да го задржат тој стил. „Кој не доцни, не доцни, кој доцни, пак ќе доцни, а сега и уште повеќе“, објаснува овој бизнисмен.

Вели дека постојат клиенти и компании што доцнат со плаќањата и по 300 и по 400 дена, а со сегашнава криза, не ни очекува дека некој ќе плати во брзо време.

СЕГА БИЗНИСМЕНИТЕ ПОВЕЌЕ СЕ ЈАВУВААТ ЗА ПАРИТЕ

Миле Бошков, прв човек на Бизнис конфедерацијата, пак, вели дека сега се појавува еден нов тренд, а тоа е дека ако досега доверителите беа потрпеливи и чекаа должниците да им платат, сега тие се повеќе се јавуваат кај своите должници, барајќи да си ги измират обврските.

„Сега е таков трендот. Постои општа паника и мобилизација и кај граѓаните и кај фирмите да соберат што е можно повеќе акумулација кај себе, бидејќи не се знае кој до кога ќе може да издржи врз основа на приходите што ќе ги има, или подобро речено, ќе ги нема или ќе ги очекува. Затоа, за секого е добро кај себе да има што повеќе средства“, вели Бошков за Фактор.

Тој објаснува дека Законот за финансиска дисциплина и досега беше само козметички закон, што се вели, колку да го има, а не влијаеше на зголемување на дисциплината на фирмите.

„Тој закон повеќе влијаеше на подготвеноста на компаниите, на нивната алертност да го користат во ургентни ситуации, односно кога ќе дојде состојба пред тужба, тогаш да се платат средствата“, објаснува Бошков.

Фирмите, објаснува тој, за време на тековната соработка меѓу себе, многу често си должат, и врз основа на воспоставените односи, имаат континуиран долг, кој не се плаќа и по неколку месеци.

„Затоа е најдобро компаниите, пред да стапат во нови контакти и во нови деловни односи, да ги користат податоците на Кредитното биро, со цел да ја осознаат кредитната, односно должничката истуреност на новиот потенцијален партнер“, објаснува Бошков за Фактор.

Се очекува да се види дали и кави мерки би донела Владата во оваа насока.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот