АКО ЛЕТУВАТЕ НА ХАЛКИДИКИ: Колку чини гиро а колку кафе, и каде се најевтини лежалките
Објавено во: Балкан 06 Јуни, 2019
Сезоната е на сам стар а многумина веќе го испланираа летниот одмор.
Ако летово решите да одморате на плажите во соседна Грција имајте на ум дека цените таму останале безмалку исто како и минатото лето.
Таму нема поважни поскапувања и цените на храна и пијалоци се исти како и претходните години.
За омиленото грчко гиро, ќе треба да издвоите 2,5 евра, додека цената на суфлаки е 2,9 евра. Доколку пак се одлучите да ручате во ресторани ќе ви требаат од 6 до 8 евра опо лице и тоа во поевтина варијанта.
Кафето во грчки локали чини од 1 до 4 евра зависно што и каде ќе одлучите да се напиете.
За пиво ќе треба да издвоите помеѓу 3 и 5 евра. Флаша вода од половина литро чини 50 центи, а таа од литар ипол од 1,5 до 1,7 евра.
Цените на лекажлките на Халкидики се движат од 5 до 15 евра, но во летувалиштата во олимпискиот регион изнајмување на плажни реквизити е значајно поевтино. Доволно е да порачате нешто за пиење за да користите лежалка и чадор.