16 Април, 2024
0.0249

AKO ЛЕТУВАТЕ ВО ХРВАТСКА, ВНИМАВАЈТЕ: Стартуваат строги казни

Објавено во: Балкан 01 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Од денес во сила влегуваат нови построги сообраќајни правила проследени со поригорозни казни, кои, како што наведуваат хрватските медиуми, се искачуваат и до три просечни плати во Хрватска.

Од Министерството за внатрешни работи на Хрватска велат дека со тоа сакаат да го подигнат нивото на безбедност, но и културата во сообраќајот, на патиштата.

Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата предвидува зголемување на казните до 2.700 евра за сторителите на осум прекршоци, утврдени причинители на најсериозните сообраќајни несреќи.

  1. надминување на дозволената брзина на движење во населено место за повеќе од 50 km/h,
  2. возење во спротивна или забранета насока на автопат, брзи патишта и патишта наменети исклучиво за сообраќај на моторни возила,
  3. намерно поминување на црвено светло или минување на црвено светло без да се намали брзината, со зголемување на брзината или поминување на две или повеќе црвени светла,
  4. одбивање возачот да се подложи на тестирање за проверка на алкохол или дрога,
  5. возење под дејство на алкохол над 1,5 g/kg и возење под дејство на опијати,
  6. управување со возило пред да се добие возачка дозвола,
  7. управување со возило додека возачката дозвола е одземена заради негативни поени,
  8. управување со возило додека возачката дозвола е одземена, додека возачот е исклучен од сообраќај или му е изречена мерка за привремено одземање на дозволата или заштитна мерка.

За овие прекршоци е пропишано зголемување на паричните казни од сегашните 680-2.000 евра на 1.350-2.700 евра, како и пропишување на облигаторни заштитни мерки, односно забрана за управување со моторно возило од најмалку шест месеци за втор направен прекршок или најмалку 12 месеци ако делото е сторено три или повеќе пати.

Можеби ќе ве интересира

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Досега се извештачени 400 траги пронајдени во службеното возило на ЈКП Водовод

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Досега се извештачени 400 траги пронајдени во службеното возило на ЈКП Водовод

KOСОВО МОЖЕ ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА: Усвоен е нацрт - извештајот на Дора Бакојани

KOСОВО МОЖЕ ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА: Усвоен е нацрт - извештајот на Дора Бакојани

(ВИДЕО) СНЕЖНА ИДИЛА ВО ДЕЛОВИ ОД ХРВАТСКА: Температурите нагло паднаа

(ВИДЕО) СНЕЖНА ИДИЛА ВО ДЕЛОВИ ОД ХРВАТСКА: Температурите нагло паднаа

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО СЛОВЕНИЈА И СРБИЈА: Имаше силен ветер, паѓаше град и снег

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО СЛОВЕНИЈА И СРБИЈА: Имаше силен ветер, паѓаше град и снег

СЕ ОГЛАСИЈА РОДИТЕЛИТЕ НА ДАНКА: Раскажаа како нивниот среќен живот се претвори во кошмар

СЕ ОГЛАСИЈА РОДИТЕЛИТЕ НА ДАНКА: Раскажаа како нивниот среќен живот се претвори во кошмар

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Ветерот собори гранки, на планините има снег

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Ветерот собори гранки, на планините има снег

ИНЦИДЕНТ ВО ПАНЧЕВО: Срби истепале Хрвати, Хрватска упати протестна нота

ИНЦИДЕНТ ВО ПАНЧЕВО: Срби истепале Хрвати, Хрватска упати протестна нота

МАЈКАТА НА УБИЕЦОТ НА ДАНКА НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ: Дали жената сепак знае каде е телото на детето?

МАЈКАТА НА УБИЕЦОТ НА ДАНКА НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ: Дали жената сепак знае каде е телото на детето?

„Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница“ - вака им одговори Вучиќ на новинарите од Сараево

„Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница“ - вака им одговори Вучиќ на новинарите од Сараево