25 Април, 2024
0.0668

АКО МИСЛИТЕ ДЕКА РУСИТЕ ГО „ОКУПИРАЛЕ“ БЕЛГРАД - погледнете ја оваа мапа која сите ќе ги изненади

Објавено во: Балкан 23 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Во последните месеци речиси секојдневно слушаме како демографската слика на Србија, пазарот на труд и недвижности значително се смениле со доаѓањето на Русите. Бројот на руски државјани што пристигнуваат е навистина екстремно голем - повеќе од 120.000 од нив поднеле барање за престој од почетокот на инвазијата на Украина. Сепак, Србија не е единствениот избор на Русите - околу 900.000 од нив избегаа во четири други земји - Турција, Казахстан, Ерменија и Грузија. Се проценува дека, доколку продолжи исцрпувачката војна, нивниот број ќе биде многу поголем, како и последиците што ќе ги трпи локалното население од земјите во кои доаѓаат.

Овој број постепено се зголемуваше пропорционално на начинот на кој рускиот претседател Владимир Путин ја водеше војната. Во првиот бран, по најавата за „специјалната воена операција“, околу 400.000 од нив ја напуштија Русија.

Тогаш ситуацијата малку се смири - од март до крајот на септември земјата ја напуштија околу 200.000 граѓани.

Сепак, имаше пресврт - на 21 септември Путин најави делумна мобилизација, најавувајќи дека 300.000 регрути ќе бидат испратени во војна. Тогаш се случи вистински бум - Русија ја напуштија 400.000 жители.

Мобилизацијата е токму една од клучните причини зошто Русите ја напуштаат својата татковина. Освен тоа, оние кои ја напуштија Русија наведоа несогласување со војната, бескорисноста и суровоста на војната, симпатиите кон Украина, несогласувањето со политичките корени на војната со Украина, одбивањето да учествуваат во злосторствата и оценката дека Русија повеќе не е место за нивното семејство..

Добар дел од нив сакаа да заминат во земјите од Европската Унија, но таму ги чекаше рампа. Имено, повеќето европски земји, меѓу кои Финска, Летонија и Естонија, кои граничат со Русија, ги заостри законите и ги затворија границите за руските граѓани.

Затоа, Русите сега треба да избираат помеѓу преостанатите достапни дестинации како Србија, Турција, Казахстан, Ерменија и Грузија.

Турција

Кога станува збор за Турција, таа одржува добри односи со Русија од почетокот на војната. Во јуни турскиот извоз во Русија достигна 791 милион долари, што е раст од 46 отсто во однос на претходната година, а се очекува трговската размена меѓу двете земји во текот на годината да надмине 60 милијарди долари.

Русите станаа водечки странски купувачи на станбен имот во Турција оваа година. Турската владина агенција за статистика објави дека Русите купувале во просек по 34 турски станови дневно до август. Побарувачката значително се зголеми по објавувањето на руската мобилизација.

Казахстан

Не помалку од нив дојдоа во соседен Казахстан. Од почетокот на војната, 50 меѓународни компании и 100 приватни компании се преселија од Русија во Казахстан. Оваа „преселба“ доведе до отворање на повеќе од 5.000 нови работни места во оваа држава.

Од друга страна, не се знае точниот број на Руси кои влегле во Казахстан.

Грузија

Во Грузија, Русите се чини дека се најнепожелни. Од почетокот на војната, повеќе од 112.000 од нив влегле во земјата, но локалното население постојано јавно протестира против нивното доаѓање во земјата.

Причината за протестите што избувнаа во септември беше тоа што Русите го нарушија пазарот на недвижности и ги зголемија цените на основните прехранбени производи во земјата, која и онака е загрозена од високо ниво на сиромаштија.

Демонстрантите исто така тврдеа дека Русите се закана за националната безбедност и економијата.

Ерменија

Повеќе од 100.000 луѓе пристигнаа и во Ерменија. Според последните проценки, повеќето од нив се ИТ специјалисти - сега оваа професија ја вршат 25 отсто повеќе од лани.

Регистрирани се и повеќе од 300 големи руски фирми и 2.500 мали бизниси, што ќе доведе до економски раст од 1,6 отсто.

Србија

Што се однесува до профилот на луѓе кои доаѓаат од Русија, кои изнајмуваат станови во Белград, тоа се претежно помлади лица, до 35 години, кои работат во ИТ секторот.

Извор: Нова.рс

Мапа: Нова.рс

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)