АКО НЕКОЈ БАРА РАБОТА: Идната година ќе вработат 1.570 странци
Објавено во: Финансии 23 Ноември, 2018
Идната година БиХ ќе вработи 1.570 странци, односно за толку странски државјани се предвидени работни дозволи, пишуваат тамошните медиуми.
Целта е да се задоволат потребите на пазарот на труд, а да не биде тоа на штета на домашната работна сила.
Со ова плус се има детална евиденција, контрола, и се спречува работа на црно.
Квоти за сезонско вработување не се утврдуваат.
975 дозволи кои веќе се издадени може да се продолжат.