Ако нема датум, Николовски бара Заев во понеделник да поднесе оставка
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2019
Заев во понеделник да си поднесе оставка и потоа да преминеме кон формирање техничка влада, како што предвидува Пржинскиот договор, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во интервју за ТВ 21.
Тој рече дека недобивањето на преговори со ЕУ е одговорност на премиерот Зоран Заев и дека поради тоа тој во понеделник треба да си поднесе оставка.
„Сто дена техничка влада да ги подготви изборите, и после 100 дена од понеделник да има предвремени избори“, бара Николовски.
Македонија очекува што ќе се одлучи во Брисел, дали ќе има или не датум за старт на преговори со Европската Унија.