Ако патувате во Црна Гора, има четири услови за влез
Објавено во: Балкан 02 Декември, 2021
Доколку патувате во Црна Гора, има четири услови за влез во земјата.
Црногорските државјани и странците можат да влезат во земјата преку сите гранични премини покажувајќи дигитален сертификат. Лицата треба да имаат доказ дека се целосно вакцинирани со пропишаниот број на дози вакцина против новиот коронавирус пред да влезат во Црна Гора, издадени од овластена здравствена установа и не поминале повеќе од шест месеци од примањето на последната доза на вакцината; негативен резултат од ПЦР тест за нов коронавирус, издаден од регистрирана лабораторија и не е постар од 72 часа.
Како трет услов за влез во Црна Гора го наведуваат поседувањето на позитивен резултат од ПЦР тестот за новиот коронавирус, кој е издаден од регистрирана лабораторија и кој е постар од десет дена и не постар од шест месеци од денот на издавањето на тој тест.
Четврти можен услов е негативен резултат на брз антигенски тест на коронавирусот издаден од регистрирана лабораторија и не е постар од 48 часа. Ако ги немаат тие докази, а имаат постојан или привремен престој во Црна Гора можат да влезат во државата со одредување мерка карантин или самоизолација од 10 денови.