18 Април, 2024
0.0258

АКО РАБОТИТЕ ВО ФАБРИКА, ЕВЕ КОИ СЕ МЕРКИТЕ - оддалеченост, дезинфекција, ако има позитивен со КОВИД-19, веднаш да се пријави

Објавено во: Економија 08 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Владата излезе со серија препораки за вработенте во фабриките, односно во производните капацитети. Ова, како што велат оттаму, ќе важи за фирмите кои вршат дејност производство и имаат производни погони, хали и слично. Нив им се препорачува производниот процес да се организира на следниот начин:

Во погоните каде непосредно се врши производниот процес да се лимитира бројот на вработени за работниците да бидат на растојание од 1,5 до 2 метри. 

Вработените да не ги менуваат работните места.

Во самиот погон задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на раце и работни површини.

За време на работното време од страна на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце и дезинфекција со употреба на дезинфекциони средства  на база на алкохол).

Да се забрани групирање за време на пауза во групи поголеми од максимум 5 лица .

Да се врши почесто проветрување на работните простории односно повеќе пати во текот на денот и доколку е тоа можно (преку природна и вештачка вентилација).

Еднаш неделно да се врши дезинфекција на сите работни простории за што да се води уредна евиденција.

Во случај на позитивен лабораториски потврден случај на КОВИД-19 на вработено лице  (со или без симптоми), лицето веднаш се изолира и испраќа дома и се советува ВЕДНАШ да го контактира својот матичен лекар.

Одговорното лице на фирмата го  известува Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) им доставува комплетни податоци за позитивниот работник/ци на КОВИД-19 (име и презиме, адреса, тел.број) подготвува список на лица кои согласно работното место се во близина (до него, пред и позади ) на работното место на позитивниот работник кој се предава на епидемиолошката служба од ЦЈЗ.

По направениот епидемиолошки увид од страна на ЦЈЗ и направената проценка на ризик, се дефинира листата на лица кои со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат се ставаат под здравствен надзор за домашна изолација во траење од 14 дена.

По направеното темелно механичко чистење на погоните /просториите  и направената дезинфекција од страна на овластена установа за ДДД, се  продолжува со нормалниот производствен процес.

Да се избегнува контакт на вработените лица од погоните меѓу себе во текот на работниот процес, а особено со административните службеници.

Во случај на потреба од административна работа: потпишувањето  на хартиени документи да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштита маска и ракавици),

Лицата задолжени за обезбедување на објектот да носат исто така лична заштитна опрема.

Возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали, хартиени документи исто така да носат лични заштитна опрема.

Да не се одржуваат состаноци/колегиуми и истите да се спроведуваат по телефон или на меил доколку е возможно или во сала со почитување на одалеченост еден од друг  од 1,5 до 2,0 метри.

Можеби ќе ве интересира

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи