Ако САД нападне, дали Венецуела има капацитет да одговори?
Објавено во: Свет 30 Ноември, 2025 12:01
Венецускиот претседател Николас Мадуро ќе возврати на инвазијата на Пентагон со „скриена герилска саботажа“ со употреба на 5.000 руски преносни ракети „ИГЛА“, анализира агенцијата Ројтерс повикувајќи се на документи. Но, истовремено на Венецуела ѝ се заканува потенцијална анархизација, пишува медиумот.
Пред да почне каков било напад, безбедносните служби и партиските вооружени групи би создале хаос во Каракас, со цел да стане невозможно да се управува со земјата.
Војниците на Венецуела добиле наредба да се засолнат и дејствуваат независно при напад, се вели во анализата. Мадуро често зборува за „народна мобилизација“ и тврди дека над осум милиони луѓе се обучени за отпор, но независни извори велат дека реално само неколку илјади луѓе се способни да војуваат.
Според извори од Каракас, владата на Николас Мадуро распоредила војска, полиција и милициски сили на 284 „борбени фронтови“. Главната стратегија е не фронтална борба, туку „продолжен отпор“ преку герилски акции, саботажи и децентрализирана одбрана на повеќе точки низ земјата.Од друга страна, вооружувањето на земјата е застарено, се вели во анализата.
Воeни аналитичари предупредуваат дека можен конфликт би го дестабилизирал целиот регион, особено Колумбија и Гвајана, каде што веќе има вооружени групи и наркокартели.
фото принтскрин
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени
Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?
Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?
КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса
(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна
(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?
ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина
Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск




