23 Јули, 2019
0.0263

Ако сонувавте за живот на море, Грците со примамлива шанса: Нудат куќа, земја и 500 евра месечно

Објавено во: Балкан 21 Јуни, 2019

Многумина од вас сигурно барем еднаш во животот сонувале за живот на море, наоколу недопрена природа и плажи на кои нема гужва.

Ако сеуште ова е ваш сон сега е лесно да го остварите.

Грција нуди навистина примамлива шанса за живот на островот од југот на Пелопонез - Антикитера каде што официјално живеат само 20 жители.

Во пакетот кој го нудат соседите доколку сакате да се преселите таму, добивате куќа, парче земја и 500 евра месечно во следните три години.

Ако се одлучите на доселување, сепак имајте ум дека тоа ќе треба да биде трајно.

-Овој остров е навистина див, но токму недопрената природа е она што го прави шармантен. Морето е кристално и совршено за бањање, а на плажите нема воопшто гужва-пишуваат медиумите од регионот, потенцирајќи дека  скриените пештери, малото село во кое времето како да застанало и бујната вегетација која шири мириси на рузмарин и лаванда секако ќе ви посакаат добреојде.

Во близина е Крит од кој со траект се патува два часа .

Антикитера нема ништо слично како на Миконос, Санторини или Парос, но тоа е автентична Грција а островот има и неколку таверни и продавница.

Сепак и покрај се туристите го одбегнуваат а изгледа дека и локалното население му свртело грб а преку кампањата се бараат луѓе кои сакаат да се преселат таму и за основаат семејства.

Бидејќи самата природна убавина сепак не е доволна за ваквата иницијатива, па на дојденците им е понудена куќа, обработка на земјата и 500 евра месечно во текот на првите три години. Во понудата има дури и бесплатна храна а неопходно е како што посочивме погоре сепак трајно да се преселите.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Автомобил излета во море, луѓето го спасуваа возачот

(ФОТО) Автомобил излета во море, луѓето го спасуваа возачот

(ВИДЕО) Во Сплит наврнаа 17 литри дожд за помалку од еден час

(ВИДЕО) Во Сплит наврнаа 17 литри дожд за помалку од еден час

Стeрjовски: Побарав поголема застапеност на Македонците во структурите на албанската полиција

Стeрjовски: Побарав поголема застапеност на Македонците во структурите на албанската полиција

Алармантно е во оваа соседна земја: Туризмот „на колена“-никој не сака да работи за малите плати

Алармантно е во оваа соседна земја: Туризмот „на колена“-никој не сака да работи за малите плати

(ВИДЕО) Ѓоковиќ наместо во Охрид, отиде на Корчула

(ВИДЕО) Ѓоковиќ наместо во Охрид, отиде на Корчула

ВЕСЕЛИ: Неизбежни се избори во Косово, ДПК е подготвена

ВЕСЕЛИ: Неизбежни се избори во Косово, ДПК е подготвена

Власта и опозицијата во Косово со поддршка за Харадинај

Власта и опозицијата во Косово со поддршка за Харадинај

(ВИДЕО) ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ: Повреден турист, трудница префрлена во болница, срушени фасади

(ВИДЕО) ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ: Повреден турист, трудница префрлена во болница, срушени фасади

По силниот земјотрес уште осум потреси близу Атина

По силниот земјотрес уште осум потреси близу Атина