24 Април, 2024
0.0276

Актерот и пејач Лука Чиковани – специјален гостин на „Џифони Македонија“

Објавено во: Мои пари 12 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Со италијанскиот филм „Несовршена доба“ во режија на Улисе Лендаро, вечерва во 19.30 часот во киното „Милениум“ во Скопје, ќе биде официјално отворен 7.Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“. Фестивалот ќе им посака топло добредојде на неколкуте стотици џифонци од десет земји, кои во наредните шест дена ќе гледаат филмови, ќе дискутираат, ќе учат за интересни теми поврзани со филмот, но и ќе се забавуваат. 

Специјален гостин на фестивалот ќе биде актерот и пејач Лука Чикованикој глуми во многунаградуваниот филм „Среќен како Лазаро“ на режисерката Аличе Рорвахер. Овој филм, лани ја освои „Сребрена палма“ за најдобро сценарио на Канскиот филмски фестивал. Токму денеска по проекцијата на филм во 13 часот, тој ќе се сретне со џифонците и ќе поразговараат за филмот и за неговата кариера. Чиковани има и пејачка кариера. Најпрво започнал со кавери на познати хитови од Џастин Бибер и Шон Мендес, а денес има и негова музика.


Во наредните шест дена на повеќе локации во Скопје ќе се реализира богатата програма на фестивалот „Џифони Македонија“. Креативни работилници, мастер-класови и други едукативни активности ќе ги обединат повеќе од 600 деца и млади кои се поделени во три возрасни групи – јуниори (10 до 13), кадети (14 до 16) и сениори (17 до 19).

Главната тема на која ќе се фокусираат е заштитата на човековата средина, со посебен акцент на воздухот. Особено важни теми во повеќето филмови и активности ќе бидат и безбедноста на интернет и борбата против врсничкото насилство. Модератори на дискусиите по сите 15 филмови во натпреварувачка конкуренција ќе бидат актерите Столе Мицов кај јуниорите, Даниела Иваноска кај кадетите, а модератор на сениорите ќе им биде Марти Али, еден од најискусните и најпосветените џифонци.

Јуниорите денеска ќе имаат можност да се сретнат со Јулија Чумак, која е една од продуцентките на украинскиот филм „Бобот“. Во недела, пак, кај кадетите гости ќе бидат претставниците на филмот „Сечи“. Филмот ќе го промовираат режисерот Коста Ѓорѓевиќ, актерката Кристина Јовановиќ и директорката на фотографија Бојана Андриќ.


Интересна активност ќе имаат јуниорите во недела на пладне. Шефот Давор Панчевски ќе организира работилница со готвење „Готвиме филм“. Кај јуниорите, најмладите учесници од 10 до 14 години, ќе се поттикнува креативноста преку три работилници: театарска работилнива заедно со режисерката Теа Беговска, ликовна работилница со Моника Мотеска и работилница за модерен танц и кореографија со балетското студио „Булфрог“.

„Џифони Македонија“ е дел од големото семејство на „Џифони експериенс“ од Италија, најголемиот и најважниот културен настан во светски рамки посветен на филмот и наменет на децата и младите, кој в година ќе одбележи 50 години од своето постоење.


Оваа година, во рамките на „Џифони Македонија“ имаме чест да бидеме домаќини на патувачката училница „Живот на социјалните мрежи“ (Una vita da social), која веќе седум години реализира едукативни средби со ученици, студенти, наставници и родители ширум Италија. Училницата е дел од европскиот проект „Поврзани генерации“ – Безбеден интернет центар, координиран од италијанското Министерство за образование и наука, а во изведба на експерти од Одделението за безбедност во комуникациите при италијанското Министерство за внатрешни работи.

Благодарение на угледот што нашиот фестивал го ужива во земјата и во странство, Одделението за безбедност во комуникациите при италијанската полиција, одлучи првата и единствена меѓународна активност годинава во рамките на проекот да биде спроведена токму кај нас, за време на фестивалот „Џифони Македонија“.

За реализација на фестивалот помогнаа: Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, Министерството за култура на РСМ, Град Скопје, Амбасадата на Италија во нашата земја. 


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка