25 Април, 2024
0.0266

АКТЕРОТ ИВАН БОСИЉЧИЌ НА ГОСТИ НА СКОПЈЕ: Ќе испеам песна за ќерка ми Нина

Објавено во: Стил 17 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Кога зборувам за Јелена сите мислат дека кога ќе речам поддршка зборувам само за нашата работа, затоа што и двајцата сме јавни личности. Но, знаете што, нашиот живот е стабилен пред сѐ затоа што сме тука еден за друг. Љубовта е голем потенцијал за еден заеднички живот, но и љубовта мора да се негува. Тоа е како однос кон едно дрво, кое го залеваат двајца. Па потоа тројца, па четворица, па ако даде Господ и петмина

На Тв гледачите им прирасна за срце како пилотот Ненад во романтичната серија „Ранетиот орел“ и како Мирослав, сиромашниот студент и несуден оперски пејач од серијата „Непобедливото срце“. Иван Босиљчиќ, како Бојан ја одбележа и приказната на серијата „Гревот на нејзината мајка“, улога за која доби актерска награда на Филмските средби во Ниш. Каков што е пред камерите, таков е зад нив. Насмеан, срдечен и искрен соговорник. Во Белград е вработен во Белградскиот народен театар, а паралелно игра во претстави во Театарот на Теразије и во „Мадленианум“. Снима интересни Тв проекти во Србија и во Русија. Во Скопје ќе го гледаме на две музички претстави „Неколку стихови за нас“, на 27 и на 28 април во МОБ, во организација на „Нова травел“ од Струмица. За дружењето со скопската публика, тој вели дека ќе му биде одмор од камерите, а ќе ги испее и изрецитира нему најдрагите хитови од поранешна Југославија.

Иван е татко на шестгодишната Нина и сопруг на поп-пејачката Јелена Томашевиќ, кои се центар на неговиот свет. Вчера беше на гости во Скопје и ни откри дел од неговиот живот.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти