19 Април, 2024
0.1152

Активистката Грета се извини за изјавата дека политичарите треба да бидат „турнати до ѕид“

Објавено во: Свет 15 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Шведската активистка, Грета Тунберг се извини за изјава со која асоцирала на насилство. 

Тунберг се извини за изјавата дека политичарите треба да бидат „турнати до ѕид“. 

„Тоа се случува кога импровизирате говор на друг јазик. Но, секако, се извинувам доколку некој тоа погрешно го разбрал“, напиша Тунберг на Твитер.

Обраќајќи им се на младите во Торино, таа во петокот кажала дека светските лидери бегаат од својата одговорност да се борат против климатските промени.

„Ќе се погрижиме да ги турнеме до ѕид и да мораат да ја исполнат својата обврска и да ја заштитат нашата иднина“, изјавила Тунберг. 

Во извинувањето таа додава дека направила буквален превод од шведскиот јазик каде овој израз опишува ситуација кога некој е присилен да решава тешко прашање или ситуација.

Некои критичари нејзината изјава ја протолкуваа како повик на насилство врз политичарите, пренесоа американските медиуми.

Тунберг кажа дека таа и движењето на младите, кои ги инспирира, се против секаков облик на насилство.

Магазинот Тајм ја избра активистката за личност на годината. Таа е најмлада личност која е избрана за личност на годината. Но, американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека тоа е смешно и ја исмеваше активистката. 

Тој рече дека Грета треба да олабави и да гледа некој филм со другарите. 

Светската активистка која се бори против климатските промени стана позната откако одржа емотивен говор на самитот на Обединети нации во Њујорк.

Можеби ќе ве интересира

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија