24 Април, 2024
0.0280

Активна соработка помеѓу студентите по археологија и Националната установа Стоби

Објавено во: Мои пари 17 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Во текот на вчерашниот ден (на 16.05.2018 година), во просториите на Националната установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Студентското археолошко здружение „Аксиос“ - Скопје, претставувано од претседателот Игор Ефтимовски, и Националната Установа Стоби, претставувана од директорот м-р Мишко Тутковски.

Заснован врз принципите на еднаквост и реципрочност, Меморандумот ќе претставува рамка за идната соработка помеѓу двете страни во насока на организација и реализација на заеднички проекти, научни и студентски конференции, обуки, летни школи, едукативни кампови, семинари, работилници, изложби, промоции и трибини.


Во моментот, членови на Студентското археолошко здружение „Аксиос“ учествуваат во теренски истражувања на комплексот објекти околу храмот на Изида во Стоби предводени од раководителот м-р Јован Радњански од НУ Стоби, и во изработката на дигитална документација на откриените ситуации во соработка со претставници од Универзитетот Квинс од Канада.

Студентското археолошко здружение „Аксиос“ - Скопје е формирано во 2001 година со цел да ги обединува студентите по археологија и историја на уметност од Македонија во едно креативно тело преку кое ќе ги надградуваат своите професионални и стручни знаења и ќе го промовираат културното наследство на државата.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка