Алармантно е во оваа соседна земја: Туризмот „на колена“-никој не сака да работи за малите плати
Објавено во: Балкан 22 Јули, 2019
Црна Гора има проблем со вработување на домашната работна сила во туризмот, што станува алармантно, бидејќи без нејзин ангажман нема развој на тој сектор.
На тоа предупредил деканот на будванскиот Факултет за бизнис и туризам, Раде Ратковиќ, пренесе Б92.
-Оваа година максимално ескалира хроничниот проблем на недостаток на услужна работна сила во туризмот и угостителството. Луѓето не сакаат да работат за оваа плата и има опасност дека ќе останеме без домашна работна сила-рекол Ратковиќ за „побједа“.
Тој додал и дека во Црна Гора заработките се убедливо најниски, а должината на сезонска работа е најкратка на Медитеранот.
Тој предупредил дека дефицитот на работна сила би требало да биде знак за аларм сериозно да се разгледаат проблемите во туризмот и да донесат програм со мерки за нивно решавање.
-Црна Гора не може да има одржлива економија без туризам, а туризмот нема да може да биде одржлив ако не е заснован на домашна работна сила и на доминантна понуда домашни производи низ тој сектор-објаснил Ратковиќ.