Aлбанци ја блокираа границата со Црна Гора
Објавено во: Балкан 02 Мај, 2018
Црногорската полиција не им дозволи на работници од Албанија да ја поминат границата со Црна Гора, затоа што со себе треба да носат најмалку 50 евра за влез во државата.
Околу 50 работници револтирани од одлуката на црногорската полиција го блокираа патот на три часа кај неутралната зона, помеѓу двете граници.
Медиумите пишуваат дека се работи за физички работници кои работат во Црна Гора за дневница од 15 евра. Наводно, тие ја минуваат границата наутро и се враќаат вечерта.