Албанци тепале Срби во Косовска Митровица
Објавено во: Балкан 18 Март, 2017
Двајца Срби се повредени во северниот дел на Косовска Митровица на Косово.
Тие биле нападнати од група Албанци, пренесуваат српските медиуми.
Инцидентот се случил околу 18 часот во близина на плоштадот до главниот Ибарски мост. Повредите со кои се здобиле двајцата Срби не се опасни по живот. Жртвите на овој напад, на возраст од 33 и 41 години добиле повеќе удари во пределот на главата, по што следело губење на свест.
Регионалниот шеф на оперативата на косовската полиција, Жељко Бојиќ изјавил дека полицијата привела едно лице, осомничено за овој напад. Станува збор за 25-годишен Албанец, а по останатите лица полицијата трага.