Aлбанија ги објави своите шпиони - имаат ли во Македонија?
Објавено во: Балкан 24 Декември, 2018
Албанија, членка на НАТО, случајно на интернет објави тајни податоци за своите најдобри разузнавачи и тоа во детали - имиња, видови на автомобили, регистарски таблички, броеви на личните карти и пасоши, оперативни рангови, детали за патувањата, па дури и секојдневни навики, а во седиштето на Алијансата полудеа поради тоа што ако секој може да влезе во албанскиот систем, влегува и во НАТО системот, пишува Independent!
Сите овие детали се објавени на сајтот на албанското Министерство за финансии во рамки на извештајот за финансиската ситуација на службата ШИШ.
Шиш е албанската агензција за разузнаваање која оперира во земјата и во странство и му одговара директно на премиерот Еди Рама.Благодарение на овој пропуст, сега се знае дека Албанија има двајца агенти на чувствителни позиции во седиштето на НАТО во Брисел. Останати агенти на високи дипломатски позиции Албанија има и во Белгија, Грција, во Србија, Косово, Италија и Македонија.
Албанија ги издаде следните агенти:
1. Фердинанд Нуку
2. Кујтим Прифити
3. Роберт Туци
4. Нестор Бабамето
5. Невзат Шеху
6. Астрит Кинани
7. Тонин Пренди
8. Бардок Гега
9. Хазби Брахја