Албанија се тресеше и денеска
Објавено во: Балкан 25 Септември, 2020
По земјотресот од 4 степени, кој синоќа стресе и делови од Македонија, денеска повторно е регистриран земјотрес во Албанија.
Овој пат се работи за потрес со јачина од 2.2 степени, на длабочина од 18 километри.
Епицентарот е на 27 километри од градот Елбасан.
Во соседството, денеска повеќе земјотреси имаше во Грција.