Aлбанија станува се посиромашна
Објавено во: Балкан 16 Мај, 2021
Албанија осиромашува. Кризата предизвикана од пандемијата ја зголеми сиромаштијата во Албанија.
Една третина од населението во оваа земја живее со помалку од 5,5 долари дневно.
Во последната проценка на Светска банка стои дека списокот на сиромашни се зголемил за уште 112 илјади албански граѓани.
„Според извештајот на СБ во сите земји од регионот забележан е раст на нивото на сиромаштија, но позначителен и поагресивен е во Албанија. Тоа како последица и на катастрофалниот земјотрес што земјата ја погоди на крајот од ноември 2019 година. Во периодот 2014-2019 забележан е пад на сиромаштијата за еден отсто“, пренесува Топ чанел.
Најпогодени категории се луѓето со мали приходи, непријавените работници кои ги загубиле работните места поради пандемијата, по што не успеале да добијат од владината помош. Друг проблем со кој се соочува земјата, е иселувањето. Албанија се празни.
foto freepik