АЛБАНИЈА ЗАГРИЖЕНА СИТУАЦИЈАТА НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО: Прелетувањето на авионите и распоредувањето вооружени сили провоцира немири
Објавено во: Балкан 26 Септември, 2021
Министерството за
надворешни работи на Албанија денеска изрази загриженост за ситуацијата на
северот на Косово, како и загриженост за однесувањето на Србија. Во
соопштението кое го објави, МНР на Албанија, оценува дека особено е
загрижувачко распоредувањето на српските вооружени сили во близина на границата
со Косово и воените авиони кои прелетуваат во близина и над воздушниот простор
на Косово, кои, како што велат, ги „поттикнуваат поединците да провоцираат
немири и насилство, како и да го дестабилизираат Косово”.
-Министерството за Европа и надворешни работи на Република Албанија е многу загрижено поради ескалацијата на ситуацијата на северот на Република Косово и најостро ги осудува вандалските дејствија на некои лица. Ништо не ја оправдува употребата на насилство, оштетување на јавниот имот и непочитување на законот. Министерството за Европа и надворешни работи бара овие вандали да бидат изведени пред лицето на правдата“, стои во официјалната реакција на Министерството.