11 Јули, 2025
0.0307

Албански бизнисмен ја купи UNIQA во Македонија

Објавено во: Економија 19 Јуни, 2025 11:55

Добивај вести на Viber

Комисијата за хартии од вредност извести дека со извршена трансакција е направена промена на акционерска структура на УНИКА АД Скопје и УНИКА ЛАЈФ АД Скопје. 

„На ден 17.06.2025 година, настаната е трансакција согласно која се изврши тргување помеѓу UNIQA Osterrich Versicherungen (продавач) и СИГАЛ БИЗНИС ЦЕНТАР (купувач), каде предмет се 90% од акциите на друштвото Сигал Уника Груп Австрија . 

Сигал Уника Груп Австрија во Северна Македонија директно е сопственик и е активна преку две друштва за осигурување и тоа: • УНИКА АД Скопје, друштво за неживотно осигурување, со седиште во Скопје на бул. Илинден бр.1 и ЕМБС 5896100 и • УНИКА ЛАЈФ АД Скопје друштво за животно осигурување, со седиште во Скопје на бул. Илинден бр.1 и ЕМБС 6712339 . 

Со настанувањето на горенаведената трансакција (по претходна добиена согласност од надлежните регулатори), друштвото СИГАЛ БИЗНИС ЦЕНТАР од Р. Албанија се стекна со индиректна сопственост на 90% од акциите на Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје и Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје“, извести КХВ.

UNIQA Insurance Group AG минатата донесе одлука да го продаде својот осигурителен бизнис во Македонија, Косово и Албанија, кој функционираше под едно име ALMAKOS.

Како што беше објавено, како дел од стратешкото управување, UNIQA Insurance Group AG, при оценката на пазарите на кои работи во овие три земји, донесена е одлука да се продадат акциите од осигурителниот бизнис во трите земји на Авни Понари, основачот и малцинскиот акционер на SIGAL Group Austria.


Можеби ќе ве интересира

ВЕЛКОВСКИ: Не можеме да си играме со пензискиот систем

ВЕЛКОВСКИ: Не можеме да си играме со пензискиот систем

Нагло ќе поскапе кафето во САД ако царините на Трамп за увоз од Бразил останат

Нагло ќе поскапе кафето во САД ако царините на Трамп за увоз од Бразил останат

Цените на суровата нафта се намалија за два проценти - што ќе направи ОПЕК?

Цените на суровата нафта се намалија за два проценти - што ќе направи ОПЕК?

НИ ПРОЗОРЦИТЕ ВЕЌЕ НЕМА ДА БИДАТ ИСТИ: Која е земјата која воведува нови стандарди за становите?

НИ ПРОЗОРЦИТЕ ВЕЌЕ НЕМА ДА БИДАТ ИСТИ: Која е земјата која воведува нови стандарди за становите?

Русија се соочува со предизвици: Индустриското производство се забавува

Русија се соочува со предизвици: Индустриското производство се забавува

Колку навистина чини живеењето во Германија: Овие места се најскапи

Колку навистина чини живеењето во Германија: Овие места се најскапи

ИЗГЛАСАНА СУСПЕНЗИЈА ЗА АНГЕЛОСКИ ОД ССКМ?! - претседателот тврди дека извршната директорка е суспендирана

ИЗГЛАСАНА СУСПЕНЗИЈА ЗА АНГЕЛОСКИ ОД ССКМ?! - претседателот тврди дека извршната директорка е суспендирана

Атлантик ја презема словенечката компанија зад брендот паштета Кекец

Атлантик ја презема словенечката компанија зад брендот паштета Кекец

МАГАЦИН НА „ФРИКОМ“ ИЗГОРЕ ВО ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО: Испораките се прекинати, се проценува штетата

МАГАЦИН НА „ФРИКОМ“ ИЗГОРЕ ВО ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО: Испораките се прекинати, се проценува штетата