Албански екстремисти се обратија со видео - кому се закануваат?
Објавено во: Балкан 13 Септември, 2018
Aлбанската и косовската Влада да не „тргуваат“ со територии, преку видео предупреди вооружена екстремистичка група, која себеси се претставува како Албанска национална армија (АНА).
„Мора веднаш да прекинат разговорите за трговија на териториите на Северна Митровица и Прешевската Долина“ – порачуваат екстремистите.
Холандскиот новинар со албанско потекло Винсент Триесте на Твитер објави превод на искажаните закани во видеото.
Како што јави дописникот на МИА, Триесте вели дека станува збор за екстремистичка организација, опремена со лесно оружје „калашникови” и снајпери.
Ова е прва вооружена група што се огласи против поделба на територијата меѓу Белград и Приштина, посочува Триесте, нагласувајќи го фактот дека првпат се слушнал „јужноалбански акцент на Тоските“, бидејќи вообичаено, како што објаснува, лицата кои говорат на слични видеа имаат „косовски акцент“.
Идеја за размена на територии меѓу Косово и Србија се спомнува неколку месеци, но има и западни политичари кои се согласуваат дека вакво нешто може да се направи.