20 Април, 2024
0.0328

Албански полицајци уапсиле двајца македонски државјани барани со потерница од Австрија и Словенија

Објавено во: Македонија 05 Август, 2020

Добивај вести на Viber

На граничниот премин Ќафасан, кај Струга, на албанска страна, уапсени се двајца македонски државјани, барани со меѓународна потерница, со цел нивна екстрадиција во Австрија и Словенија, информираше албанската полиција, пренесува МИА.

Станува збор за 53-годишен маж кој се бара заради трговија со дрога од страна на австриските власти и 39-годишен маж кој се бара од словенечките власти за измама против Владата.

„Припадниците на граничната полициска станица Ќафасан, во соработка со структурите за истраги на криминал на дирекцијата во Корча, полицискиот комесаријат во Поградец и Интерпол Тирана, приведоа двајца македонски државјани барани со меѓународна потерница. Приведени се Р.Д.(53) жител на селото Штермница, Тетово и С.Р.(39), жител на Лабуништа, Струга“, стои во полициското соопштение.

Се додава дека при контрола на нивната документација при влез во Албанија, граничната полиција констатирала дека Р.Д. се бара од австриските власти за трговија со дрога. Тамошниот суд му определил мерка притвор за кривично дело за кое се предвидува затворска казна во траење од 15 години.

Меѓународната потерница против С.Р. ја распишале словенечките власти заради кривично дело „измама против владата", за што во словеничкот кривичен законик се предвидува до осум години затворска казна. И нему му била изречена мерка притвор.

Двата случаи се под надлежност на Обвинителството во Подградец, кое треба да ги преземе потребни активности за нивна екстрадција.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра