Албин Курти нема да поддржува ниту една партија во Македонија
Објавено во: Балкан 23 Октомври, 2019
Албин Курти, лидерот на Самоопределување, партија која освои најмногу гласови на неодамнешните парламентарни избори на Косово, ја пофали одлуката за предвремени избори во Македонија како одговорен чин, но вели дека не знае дали во иднина ќе даде отворена поддршка на некоја од партиите во нашата земја.
- Не можам да кажам денес дека ќе го поддржиме овој или оној политички субјект - рече потенцијално идниот премиер на Косово за регионалната телевизија „Алсат“..
Албин Курти очекува да ја посети Македонија, да има поблиски односи со Албанија, и да работи во насока на целосно стабилизирање на регионот, а вели дека Србија мора да се „согласи со реалноста дека Косово е независна држава“:
- Нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија оди преку нормализирање на Србија како таква. Во Косово направија геноцид на 860.000 Албанци, кои беа депортирани во пролетта 1999 година. Над 1 милион се отселија од нивните домови, имавме 20.000 силувани девојки и жени - истакна Албин Курти.
Албин Курит рече дека е договорено новата косовска влада да има 12 министерства, и дека очекува официјално да ја превземе функцијата премиер уште во ноември.