20 Април, 2024
0.0300

Александар Обрадовиќ, поранешниот советник на Заев, повеќе не е директор на ЕСМ Продажба

Објавено во: Економија 17 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Александар Обрадовиќ, поранешниот советник на премиерот во заминување Зоран Заев, по шест месеци е отповикан како директор на секторот ЕСМ Продажба, клучна подружница на државните електрани за време на енергетската криза која инаку купува струја од надворешниот пазар за да се покријат стопроцентно потребите на универзалниот снабдувач со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи.

На местото на Обрадовиќ како прв човек на поранешен ЕЛЕМ Трејд е назначен извесен Синиша Ивановски кој ќе ја врши функцијата со определено време од шест месеци во периодот од 1 јануари до 30 јуни 2022.

АД ЕСМ откако беше прогласена енергетската криза прилично нетранспарентно ги склучуваше договорите за набавка на електрична енергија од надворешниот пазар. „Фактор“ успеа да детектира три договори од 5,5 милиони евра,  3,85 милиони евра и од 1,1 милиони евра со важност за краток период во ноември и декември, но државните електрани потоа  ја отстранија можноста да се проследуваат овие договори од менито на веб-страницата. Опозицијата тогаш тврдеше дека се потрошени многу поголеми суми.

Управниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) го назначи Александар Обрадовиќ пред нешто повеќе од половина година за управител на фирмата-ќерка ЕЛЕМ трејд. Во 2017, како што тогаш потврди Заев, Обрадовиќ беше во игра да биде поставен за генерален директор на ЕСМ.

ЕЛЕМ трејд е фирма-ќерка специјализирана за трговија со струја.Обрадовиќ на ова место дојде од советничкото место за економски прашања за соработка во кабинетот на премиерот Зоран Заев. Тој во Македонија е од 2017 година, кога Заев стана премиер, и истата година стана и македонски државјанин во постапка каква што се применува за лица кои се од особен економски, културен, спортски или друг национален интерес. 

Обрадовиќ порано бил регионален директор на чешката државна електроенергетска компанија ЧЕЗ и генерален директор на српската државна електроенергетска компанија ЕПС. Контроверзно беше разрешен од позицијата директор на Електропривреда на Србија поради „хедонизам, луксуз и неодговорно работење“.

АД ЕСМ пред два месеци објави дека ги менува директорите во РЕК Битола и во РЕК Осломеј. Разрешен беше директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски и на негово место за в.д. директор беше назначен Пеце Матевски, дотогашен директор на Термоелектрана. Стојан Мицкоски, пшретходно технички директор во Рудници, е назначен на местото за в.д. директор во РЕК Осломеј каде беше разрешен директорот Златко Пиперкоски.

Од управата на АД ЕСМ најавија дека ќе бидат извршени и други кадровски поместувања внатре во комбинатите, со цел подобрување на процесот на производство и соочување со предизвиците од енергетската криза.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор