Александар Шешељ побара Србија да го признае Крим како дел од Русија
Објавено во: Балкан 20 Април, 2019
Потпретседателот на Српската радикална партија (СРС) Александар Шешељ изјави денеска дека моралната обврска на Србија e да го признае Крим и Севастопол како дел од Русија.
На конференцијата на меѓународната организација „Пријатели на Крим“ на петтиот економски форум во Јалта, Шешељ рече, според изјавата СРС, дека неговата партија е единствената во српскиот парламент која Крим го признава како дел од Русија.
Политичкиот и економскиот форум одржан на Крим од 17 до 20 април собра повеќе од 3.000 учесници од 100 земји, се вели во соопштението.