Александар Вучиќ: Нема да бидам повеќе претседател на СНС
Објавено во: Балкан 08 Јули, 2019
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа на гостувањето во српската национална телевизија откри дека повече нема да биде прв човек на владеачката Српска напредна странка.
Тој повтори дека следната година некој друг ќе ја преземе СНС и дека нема да се кандидира на изборното собранието на партијата.
"Нема сомнение дека следната година, некој друг ќе го преземе СНС. Мора човек да знае кога е време да излезе со одредени политички промени и кога не е време да се идентификува со државата ", забележа Вучиќ во РТС.
Запрашан што ќе значи тоа за СНС, Вучиќ рече дека тоа е убедливо најдобра и најмоќна партија и дека ќе и помогне на партијата да победи на парламентарните избори.