Алибаба „премоќна“ за Амазон во Кина
Објавено во: Свет 19 Април, 2019
Американската онлајн продаваница Амазон го намалува својот обем на бизнис во Кина, најавувајќи затворање на онлајн продавницата, која беше тешко да се следи со конкуренти како Алибаба.
Ројтерс први ги објави плановите на Амазон дека ќе ја затвори малопродажната платформа во Кина до средината на јули, за да се фокусира на по профитабилна продажба на странски стоки и услуги .
Потрошувачите ќе можат да ја видат понудата на глобалната трговија на Амазон од 18 јули на официјалната веб страница на Амазон, наместо да ги снабдуваат кинеските трговци, објави ББС.
Повлекувањето од пазарот на втората светска економија се совпадна со големата амазонска инвестиција во Индија. Амазон објави дека ќе инвестира 5,5 милијарди долари во Интернет-трговијата во таа земја.