19 Април, 2024
0.0278

Алијана за Албанците и Алтернатива предлагаат анкетна комисија за работата на Комисијата за инфективни болести

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Албанската опозиција му предложи на Собранието да формира Анкетна комисија за работата на Комисијата за инфективни болести. Според нив, комисијата, која требаше да се справи со пандемијата, не ги исполнила очекувањата поради политизација.

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, зборувајќи во име на коалицијата вели дека не може да се дозволи пандемијата да продолжи да се шири како што е сега, додека Комисијата „гледа со скрстени раце“.

- Секое државно тело што прави некомпетентни чекори во догледно време, тогаш исто така треба да има одговорности. Ние како пратеничка група ја покренавме оваа иницијатива и се надевам дека Анкетната комисија ќе биде прифатена и ќе започне со работа. Комисијата е крајно партизирана. Има партиски членови на двете владејачки партии СДСМ и ДУИ. Македонија е единствената земја која сè уште нема стратегии и алгоритми за тоа како да се справи со оваа ситуација - рече Арбен Таравари, генерален секретар на АА.

Во принцип, опозицијата ги води истражните комисии. Во случај на формирање на комисијата, нејзиниот мандат продолжува до распуштањето на Собранието. Албанската опозиција ќе интервенира и со измени и дополнувања на предлог-законот за заштита на населението од заразни болести, за што се очекува потребното гласање во вторник.

- Се надевам дека Владата ги прифаќа овие предлози. Не ги познавам конкретно нивните предлози и сигурно пратеничката група ќе ги објасни на седниците на комисиите и на пленарната седница на Собранието, рече Таравари.

Инаку ВМРО-ДПМНЕ од минатата недела предлага предлог-закон за формирање специјална државна комисија за заштита и борба против пандемии и епидемии. Како што истакна Атонијо Милошоски, тие предлогот го доставиле до министерот за здравство, Венко Филипче, но тој ги одбил.

Опозицијата предлага комисијата да брои 11 члена, меѓу кои министерот за здравство и директорот за Центарот за управување со кризи, а внатре би членувале специјалисти инфектолози 3 члена, епидемиолози 2 члена, микробиолози 2 члена, имунолог еден член и специјалист интернист еден член.



Можеби ќе ве интересира

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне