25 Април, 2024
0.0434

Алити: Песимизмот и неизвесноста се непријатели на пазарот на капитал

Објавено во: Финансии 19 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Песимизмот и неизвесноста се најголемиот непријател на пазарот на капитал. Лесно се менуваат стратегиите на инвеститорите, бидејќи ако очекуваат полоши времиња и политички тензии, тогаш едноставно не инвестираат и наоѓаат друга дестинација која им е поволна за вложување. Без евроатланска интеграција, речиси е невозможно да се добие битката со привлекување на што е можно повеќе инвестиции, рече Нора Алити, Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на дебатата на тема „Перспективите на младите лица од полноправното членство на земјата во Европската Унија и НАТО".

Алити вели дека пазарот на хартии од вредност, има ниско ниво на пазарна капитализација и мала ликвидност.. Според неа, националните пазари се мали и фрагментирани еден од друг, а фирмите како да не се во можност целосно да ги искористат економиите од обем. 

„Потребна е интеграција преку која се очекува да дојде до поврзување на ресурсите на фрагментираните и на различен степен на развој пазари на хартии од вредност, што пак ќе влијае врз можноста, да се мобилизираат локалниот и меѓународен капитал во насока на нивен инфраструктурен развој, а преку тоа и на целокупниот финансиски систем. Кога станува збор за усогласувањето со европските стандарди, нашиот пазар на капитал има и недостаток, но и предност. Недостатокот произлегува од неговите неискористени капацитети (мал промет, слаба ликвидност, сиромашен берзански материјал, пазарната длабочина и сл) па оттука потребно е и повеќе време за да јасно и прецизно се согледа оваа област, додека пак, предноста на малите пазарни ситеми е во нивната поголема моќ за брзо и ефикасно прилагодување, вели Алити.

Нора Алити во оваа прилика ги споменала најновите трендови за формирање на посебни платформи за поддршка на т.н. startup бизниси, кои се пример за придобивките од интегрирањето. Според неа, особено се интересни т.н. crowdfunding платформи и како успешен пример го посочи младиот претприемач 22 годишниот Иван Мрвош од околината на Сплит  познат по своите паметни клупи ,а  кој преку компанијата Include покрена crowdfunding кампања на новата платформа на Хрватската берза во соработка со Естонската Funderbeam  и  успеа да собере повеќе од потребните 400 илјади евра. 

Дебатата беше организирана од Институтот за бизнис и менаџмент Heidelberg - Скопје"

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо