18 Април, 2024
0.0283

АЛЈАСКА ЈА ТРЕСЕШЕ ЗЕМЈОТРЕС ОД 8,2 СТЕПЕНИ: Вклучен алармот поради цунами на Хаваи

Објавено во: Свет 29 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Земјотрес со јачина од 8,2 степени според Рихтеровата скала утинава во 6.15 минути по Гринич, а 22.15 синоќа по локално време го погоди полуостровот Алјаска поради што е издадено предупредување за цунами во тој регион, објавија локалните власти.

Нема информации за повредени или материјални штети, а Американскиот геолошки завод (USGS) соопшти дека земјотресотбил на длабочина од 35 километри, пренесува Ројтерс.

На Алјаска, Националниот центар за предупредување од цунами (НТВЦ) издаде предупредување за цунами за јужните делови, полуостровот и пацифичките крајбрежни области од влезот Хинчинрук до превојот Унимак.

Пацифичкиот центар за предупредување за цунами (ПТВЦ) издаде предупредување за американската држава Хаваи и американската пацифичка територија Гуам. Полицијата во градот Кодијак на Алјаска, најголемиот град на островот Кодијак, ги советуваше жителите да одат на највисоко можно место, а средното училиште беше отворено за потенцијална евакуација.

Американскиот NTVC изјави дека го проценува нивото на опасност од цунами за другите крајбрежни области на САД и Канада. Земјотресот се случи на околу 91 км југоисточно од градот Перивил на Алјаска и на околу 800 км од Енкориџ, најголемиот град на полуостровот.

Ова беше проследено со седум последователни земјотреси, од кои два беа посилни од 6,0 степени според Рихтеровата скала, според USGS.


Можеби ќе ве интересира

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ОВА СЕ 100-те НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛУЃЕ: Магазинот Тајм ја објави листата за 2024 година - ќе се изненадите кој се сѐ најде на листата

ОВА СЕ 100-те НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛУЃЕ: Магазинот Тајм ја објави листата за 2024 година - ќе се изненадите кој се сѐ најде на листата

ВО ОВАА ЗЕМЈА ПОЛИЦИЈАТА ВОЗИ „ФЕРАРИ“, ПРАВАТ ДОЖД СО ДРОНОВИ, А НЕ ТОЛКУ ОДАМНА ИМАА САМО ЕДНА ВИСОКА ЗГРАДА: Неверојатни факти за Дубаи

ВО ОВАА ЗЕМЈА ПОЛИЦИЈАТА ВОЗИ „ФЕРАРИ“, ПРАВАТ ДОЖД СО ДРОНОВИ, А НЕ ТОЛКУ ОДАМНА ИМАА САМО ЕДНА ВИСОКА ЗГРАДА: Неверојатни факти за Дубаи

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин