25 Април, 2024
0.0493

Алкалоид АД Скопје дел од најголемиот глобален саем на фармацевтската индустрија

Објавено во: Мои пари 11 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

„Алкалоид АД Скопје“ од 5-7 ноември годинава настапи како излагач на најголемиот саем на фармацевтската индустрија во светот: CPhI (Convention on Pharmaceutical Ingredients) кој се одржа во  Франкфурт, Германија.

На овој глобален настан, единствен од вакви размери од сферата на фармацевтската индустрија, секоја година учество земаат над 2500 излагачи и повеќе од 45000 посетители од  над 165 земји во светот. Саемот, или како организаторите го нарекуваат во буквален превод „Конвенција на фармацевтски состојки“ за прв пат е одржан пред 30 години и постојано бележи динамика на додавање на нови содржини и пораст на бројот на посетители и изложувачи. На листата на интереси највисоко котирани се активните фармацевтски состојки по што следат готовите фармацевтски формулации, инјектибилни форми/хормони/онколошки лекови, потоа безрецептни лекови итн. 

„Алкалоид“ за прв пат на оваа конвенција присуствуваше во 2004 година, и оттогаш учествува како активен изложувач со цел прецизирање на договорите со глобалните добавувачи на супстанци и готови производи, лиценцирање на нови производи и дополнување на производното портфолио.

CPhI  е најважниот настан во годината од областа на фармацевтската индустрија. На едно место може да се најдат преку 30000 искусни фармацевтски професионалци поделени во 20 сектори меѓу кои: активни фармацевтски состојки, готови фармацевтски форми, фармацевтски пакувања и машини, интермедиери, договорно производство, биофармацевтски производи и друго. Настанот е извонредна можност за добивање на информации за најновите достигнувања од областа на фармацевтската индустрија со цел да се одржи чекор со динамичните трендови на фармацевтскиот пазар. 



Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка