АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ РЕГИСТРИРАШЕ НОВО ДРУШТВО ВО КАЗАХСТАН: Прва подружница на компанијата во Азија
Објавено во: Економија 27 Септември, 2024
Алкалоид АД
Скопје регистрираше ново капитално поврзано друштво во Казахстан, со назив
„Алкалоид Казахстан“ ДОО, што е прва подружница на компанијата во Азија, ова информација ја објави компанијата
преку Македонската Берза за долгорочни хартии од вредност.
-Друштвото е во 100% сопственост на Алакалоид АД Скопје. Отворањето на ова друштво претставува исклучителна можност за искористување на големиот потенцијал за пласирање фармацевтски производи на овој пазар, чија вредност на годишно ниво изнесува над 2 милијарди евра. Казахстан е пазар со 19,6 милиони жители и е економија со најдобри перформанси во Централна Азија. Портфолиото на „Алкалоид“ во Казахстан за почеток ќе опфаќа антибиотици и додатоци во исхраната наменети за бремени жени. Во иднина компанијата планира проширување на асортиманот и присуство и во други земји од тој регион на интерес. Подружницата во Казахстан, лоцирана во градот Алмати, е 26-то капитално поврзано друштво на „Алкалоид“ по ред. Проширувањето кон азискиот континент е во насока на главните стратешки определби на компанијата, како и нагласената извозна ориентација и глобализација на брендот „Алкалоид“, се наведува во објавата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.