20 Јуни, 2025
0.0337

„АЛКАЛОИД“ ЌЕ ГРАДИ ФОТОВОЛТАИЧНА ЦЕНТРАЛА, ЌЕ ПОКРИВА ДО 85 ОТСТО ОД ПОТРЕБИТЕ ЗА СТРУЈА - регистрирано друштвото „Алкалоид енергетика“

Објавено во: Економија 13 Декември, 2024 14:55

Добивај вести на Viber

Фармацевтската компанија „Алкалоид“ повторно со убави вести за инвеститорите, но и за целата јавност, преку ценовно чувствителна информација на Македонската берза. 

Имено, компанијата планира да гради фотоволтаична централа во Гевгелја, со која ќе задовболува одф 75 до 85 отсто од сопствените потреби за електрична енергија. 

За таа цел компанијата регистрираше ново капитално друштво, кое ќе биде 100 отсто во нивна сопственост, и ќе го носи името „Алкалоид енергетика“. 

„АЛКАЛОИД АД Скопје регистрираше ново капитално поврзано друштво со назив АЛКАЛОИД ЕНЕРГЕТИКА ДООЕЛ Скопје, со цел производство на електрична енергија. Друштвото е во 100 отсто сопственост на АЛКАЛОИД АД Скопје. Имајќи ги предвид заложбите на АЛКАЛОИД АД Скопје за намалување на јаглеродниот отпечаток во рамките на својата ESG-стратегија и напорите за одржлив развој, овој потег е од исклучителна важност во нивното остварување. Проектот предвидува изградба на фотоволтаична централа лоцирана во Гевгелија, со капацитет за производство на електрична енергија од околу 11 илјади мегават-часови на годишно ниво. Со овие капацитети ќе се овозможи од 75 до 85 отсто од електричната енергија која се користи за производствените капацитети на АЛКАЛОИД АД Скопје да биде од сопствени обновливи извори. Како општествено одговорна компанија која се грижи за животната средина и за здравјето на граѓаните, АЛКАЛОИД АД Скопје придонесува за намалување на загадувањето и за исполнување на строгите еколошки стандарди во целост. Инвестирањето во нови производствени капацитети, современа опрема, во изработка на квалитетни проекти, грижа за животната средина и во енергетска ефикасност останува примарна стратешка определба на АЛКАЛОИД АД Скопје и во периодот што следува“, се вели во објавата од ова акционерско друштво преку Македонската берза.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА ОКОЛУ 812 ЕВРА: Колку Хрвати ја примаат оваа сума?

ПЛАТА ОКОЛУ 812 ЕВРА: Колку Хрвати ја примаат оваа сума?

ПУТИН СЕ ПОФАЛИ: Русија е број еден во Европа по БДП и четврта во светот

ПУТИН СЕ ПОФАЛИ: Русија е број еден во Европа по БДП и четврта во светот

Директорка за човечки ресурси откри која грешка во CV-то може да ве чини скапо

Директорка за човечки ресурси откри која грешка во CV-то може да ве чини скапо

СТАТИСТИКА ОБЈАВИ НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлкава е просечната плата во Македонија?

СТАТИСТИКА ОБЈАВИ НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлкава е просечната плата во Македонија?

ЗА САМО ДВА МЕСЕЦИ: Минималната кошничка поскапела за 2.000 денари

ЗА САМО ДВА МЕСЕЦИ: Минималната кошничка поскапела за 2.000 денари

Божиновска во теренска посета на ХЕ „Козјак“: Пример за стратешко инвестирање во обновливи извори на енергија

Божиновска во теренска посета на ХЕ „Козјак“: Пример за стратешко инвестирање во обновливи извори на енергија

ЕСМ вонредно купи струја од трговци по пожарот во РЕК Битола

ЕСМ вонредно купи струја од трговци по пожарот во РЕК Битола

Бобан Милошески - Авалон Продукција во „Бизнис Муабети“: На Брус Спрингстин и на Горан Бреговиќ не им се јасни новите трендови

Бобан Милошески - Авалон Продукција во „Бизнис Муабети“: На Брус Спрингстин и на Горан Бреговиќ не им се јасни новите трендови

Димитриеска Кочоска: Не е страшно да се надмине психолошката граница на задолжување

Димитриеска Кочоска: Не е страшно да се надмине психолошката граница на задолжување