27 Октомври, 2021
0.0206

„АЛКАЛОИД“ СЛАВИ 85 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ: Нашите брендови се супериорни, рамо до рамо со светските, порача првиот човек на компанијата, Живко Мукаетов

Објавено во: Економија 20 Септември, 2021

Скромните почетоци на нашата најуспешна фармацевтска компанија „Алкалоид“, датираат од август 1936 година, кога на патот од Скопје кон Велес е отворен еден од најстарите капацитети за преработка на алкалоиди во тогашната југословенска заедница. Од само две постројки, со 15 работници, денес, 85 години подоцна во „Алкалоид“ имаме околу 60.000 метри квадратни производни погони и над 2.500 вработени во базата во Скопје и во 20-те подружници распоредени во 15 земји во светот.  

Ова меѓу другото го истакна Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управен одбор на Алкалоид АД Скопје, по повод 85-годишниот јубилеј на компанијата.

Тој нагласи дека континуираниот деловен успех и одржлив развој на „Алкалоид“ се должи пред се на квалитетот на производите, но и на квалитетот на кадрите кои работат во компанијата, на брендот на „Алкалоид“, како и на поединечните брендови кои ги има, а ги граделе генерации пред нас, години наназад.

„‚Алкалоид' денес преку 60 проценти од својот асортиман, пласира во над 40 земји во светот. Светските трендови во фармацијата, хемијата, фитотерапијата и козметологијата се имплементирани во нашите секојдневни операции, а примената на најсовремени стандарди за добра производна праксам, е потврдена од реномирани авторитети“, вели во своето обраќање Мукаетов. 

Првиот човек на „Алкалоид“ потенцира и дека инвестициите на компанијата кои во изминатите 15 години достигнаа 200 милиони евра, а лоцирани во производни капацитети, лаборатории, истражување и развој, техниологија и континуирана едукација на вработените, овозможуваат пласман на производи со супериорен квалитет, кои можат да се носат рамо до рамо со кој било производ од својот сегмент во светот.

Во продолжение обраќањето до јавноста на Мукаетов по повод овој значаен јубилеј на нашата најголема фармацевтска компанија.


Можеби ќе ве интересира

Историски ден за македонскиот стартап екосистем, eве зошто

Историски ден за македонскиот стартап екосистем, eве зошто

Заев објасни дали ќе имаме зголемена инфлација и енергетски ценовен шок

Заев објасни дали ќе имаме зголемена инфлација и енергетски ценовен шок

Мицкоски: Ќе се вратиме 40-50 години наназад кога домаќинствата се соочуваа со недостаток на електрична енергија

Мицкоски: Ќе се вратиме 40-50 години наназад кога домаќинствата се соочуваа со недостаток на електрична енергија

Растат платите во Србија, просечната се искачи на 550 евра

Растат платите во Србија, просечната се искачи на 550 евра

Заев вели дека и во време на пандемија се зголемуваат платите, а тоа е реткост во Европа

Заев вели дека и во време на пандемија се зголемуваат платите, а тоа е реткост во Европа

НАЈЧЕВСКА ПРАШУВА: Зошто во земјава не се стимулира ставање панели на секоја куќа и кому му одговара да останеме енергетски зависни

НАЈЧЕВСКА ПРАШУВА: Зошто во земјава не се стимулира ставање панели на секоја куќа и кому му одговара да останеме енергетски зависни

БЕКТЕШИ: Убеден сум дека ниту по први јануари нема да има големи ценовни шокови кај електричната енергија

БЕКТЕШИ: Убеден сум дека ниту по први јануари нема да има големи ценовни шокови кај електричната енергија

На Балканот и натаму се градат нуклеарни централи, Македонија нема стратешка резерва

На Балканот и натаму се градат нуклеарни централи, Македонија нема стратешка резерва

Скопска фирма со еден вработен направи пола милион евра профит!

Скопска фирма со еден вработен направи пола милион евра профит!