23 Април, 2024
0.0399

Алтмајер: Преговорите со Северна Македонија и Албанија треба да започнат многу бргу

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Петер Алтмајер, германскиот министер за економија, во своето синоќешно интервју за „Билд“ на едно од прашањата вели дека Северна Македонија и Албанија треба да започнат преговори со ЕУ за брзо време, иако изминатата недела тоа не се случи во Брисел, по што следуваше огромно разочарување особено во Скопје.

Алтмајер во вторник ќе ја посети Црна Гора, а едно од новинарските прашања е дали министерот очекува ладен прием, по недоделувањето на датум за двете балкански земји.

„Ситуацијата во Црна Гора е различна, бидејќи разговорите за пристапување веќе започнаа. Но, да, јас сум разочаран од исходот на самитот на ЕУ. Во наш интерес е да ги поврземе Северна Македонија и Албанија со ЕУ и да ги признаеме нивните големи напори за демократија и стабилност. Разговорите за пристап треба да започнат многу бргу “, гласи одговорот на АЛтмајер.

Мислењето на министерот кој доаѓа од редовите на ЦДУ изминатото лето беше дека Северна Македонија и Албанија напредуваат, но сè уште не се подготвени за членство во ЕУ, бидејќи за тоа, како што рече тој, е потребна силна борба против корупцијата и независност на правосудството во двете земји.

„Уште не се исполнети сите критериуми за овие две земји да бидат подготвени за членство во ЕУ“, изјави Алтмајер на самитот Западен Балкан во Познањ.




Можеби ќе ве интересира

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...