АМАЗОН РУШИ РЕКОРДИ: Најголем број продадени мисирки
Објавено во: Свет 19 Април, 2018
Од година в година Амазон се фали со сѐ поголемата продажба на различен асортиман, па така на Амазон може да најдете и да купите мисирки.
Во писмо до акционерите, извршниот дирекотор на Амазон, Џеф Безос, ја прослави пресвртницата со неговата можност за преземање на Whole Foods.
Тој истакна дека со специјалната промоција на корисниците на Амазон Прајм била продадена огромна бројка на мисирки и со тоа бил срушен долгогодишниот рекорд на Whole Foods.
Тој не истакна точно колку мисирки биле продадени, но традиционално си честиташе за својата извонредност.
Амазон објави статија во која се вели дека во 2017 година, Амазон достигнал 100 милиони претплатници.