Амбасада на САД: Не сме го покренале прашањето за „македонското малцинство“ пред Софија
Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2022
Соединетите Американски Држави ги поддржуваат напорите на владите на Бугарија и Република Северна Македонија да работат заедно со ЕУ за решавање на билатералните прашања. Ова за БНТ е наведено во писмен одговор од Амбасадата на САД во Софија.
Поводот е прилогот со американскиот заменик државен секретар за Западен Балкан Габриел Ескобар даден за Гласот на Америка, кој тврди дека американската амбасада во Софија и бугарската влада работат на решавање на прашањата за „македонското малцинство“.
Амбасадата соопшти дека интервјуто довело до некои заблуди за американската политика во регионот.
„Американската влада не ги покрена овие малцински прашања пред бугарската влада. Нашите дискусии со бугарската влада се фокусираа на нашата заедничка визија за посилна, попросперитетна и обединета Европа преку интеграција на сите нејзини делови, вклучително и Западен Балкан“, се вели во соопштението на дипломатското претставништво.