АМБАСАДА НА САД: Секој кој ја злоупотребил довербата на јавноста мора да биде одговорен
Објавено во: Македонија 23 Август, 2019
Aмериканската амбасада во Скопје целосно ја поддржува одлуката на обвинителството да ги испита сите наводи за корупција и да ги гони како оправдани, засновани врз законот и веродостојни факти.
„Секој за кој се тврди дека ја злоупотребил довербата на јавноста мора да биде одговорен“, велат од Американската амбасада за „360 степени“, по притворот на специјалната јавна обвинителка од СЈО Катица Јанева за случајот „Рекет“.
За САД важно е да се потенцира дека Специјалното јавно обвинителство игра важна улога во напорите на Северна Македонија да ја покаже посветеноста на земјата за независно судство и одговорност за минатите криминали и корупција.