18 Април, 2024
0.0250

АМБАСАДАТА СЕ ФАЛИ СО РЕКОРДИ: Кај балканскиот рис и златниот орел во Дубаи дошле 10.000 луѓе за еден ден

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Нов рекорд на посетители на Павилјонот на Република Северна Македонија на ЕКСПО 2020 Дубаи, објави Амбасадата на Македонија во Обединетите арапски емирати.

„На 2 декември нашиот павилјон во Дубаи го посетија скоро 10.000 илјади посетители (односно точно 9.523 лица), а поради Националниот Ден на Обединетите Арапски Емирати и големиот број заинтересирани посетители, Павилјонот беше отворен до полноќ. Најголемиот дел на посетители, резиденти на ОАЕ од различни Азиски држави, беа заинтересирани за убавините на Република Северна Македонија, туристичките атракции, историјата, културата, религиите, храната, но имаше и од тие кои прашаа и за географската позиција на нашата земја, стои во објавата.


Експото овозможува познавање на Република Северна Македонија и за тие лица од далечните дестинации кои не слушнале каде е оваа држава, но за добрите познавачи, ова е добра можност за туризам и бизнис инвестиции.

Можностите за инвестиции во слободните економски зони, енергетиката и земјоделството се исто така главна точка на заинтересираните страни кои бараат нови визии за развој на нивниот бизнис.


„Павилјонот на Република Северна Македонија во Дубаи во четвртокот беше вистинскиот "дом на секој чекор", стои во објавата.

Павилјонот на Република Северна Македонија е отворен со поддршка на домаќинот Обединетите Арапски Емирати, а посетителите имаат уникатна можност директно да се запознаат со културата и традицијата на нашата држава, како и со природните богатства и туристичкиот потенцијал. Изложени се теракоти, артефакти, традиционални носии, промотивни материјали и видео презентации на Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари