Амбасадор на моќна земја протеран од Венецуела
Објавено во: Свет 06 Март, 2019
Властите во Венецуела денеска соопштија дека го протеруваат германскиот амбасадор, Даниел Мартин Кријнер поради мешање во внатрешните работи.
„Венецуела смета дека е неприфатливо странски дипломат во нашата држава да врши јавна улога блиска до онаа на политички лидер усогласена со конспиративната агенда на екстремистичките сектори на венецуелската опозиција“, стои во соопштението на Владата.
Каракас на германскиот амбасадор му даде 48 часа да ја напушти државата.