20 Април, 2024
0.0276

Амбасадорката на САД се вклучи во проектот на Пивара Скопје за доедукација на младите за нивно полесно вработување

Објавено во: Мои пари 19 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Во рамки на својата прва посета на Пивара Скопје, амбасадорката на САД, Кејт МариБрнз се запозна со процесот и долгата традиција на производство на пиво, а беше и во обиколка на постројката која два пати го доби признанието дека ги произведува најдобрите Coca-Cola пијалаци на светот.На средбата со генералниот директор на Пивара Скопје, Дан Тимотин, амбасадорката се запозна и со тековните активности и вложувања на компанијата кои треба да го обезбедат нејзиниот натамошен одржлив развој, како и со реализацијата на проектите кои придонесуваат за просперитетот на заедницата, како што е програмата за бесплатни обуки за млади „Вештини за успех“, која веќе четврта година ја спроведува Пивара Скопје.

Генералниот директор на Пивара Скопје и амбасадорката на САД го посетија Едукативниот центар на компанијата каде се сретнаа со учесниците на 39-та сесија од обуките од програмата „Вештини за успех“. При тоа, амбасадорка на САД, со учесниците на обуката ги сподели своите лични искуства и совети со што придонесе тие да ги збогатат своите знаења и вештини кои треба да им овозможат полесно да најдат работа или да отпочнат сопствен бизнис, што е главната цел на овие обуки.


„Од почетокот на оваа година до сега 934 млади поминаа низ овие обуки, со што вкупниот број на учесници во оваа програма, што ја започнавме во 2016-та година, надмина 2600. Особено сме горди и нѐ радува што дури 36% од младите кои досега ги поминаа обуките во рамките на оваа наша програма многу брзо го пронајдоа посакуваното работно место. Сметам дека треба да бидеме задоволни од ваквиот резултат, како и од фактот дека секојдневно се зголемува бројот на млади лица кои сакаат да учествуваат во програмата. Сето ова нѝ влева дополнителна енергија, заедно со нашите партнери, да продолжиме да вложуваме во развојот на младите и преку тоа да придонесеме за зголемување на вработувањето и развојот на претприемништвото во земјата“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Дан Тимотин.

Со обуките што ги спроведува Пивара Скопје, кои се бесплатни за сите учесници, младите добиваат можност да ги усовршат своите комуникациски вештини, да научат како да водат преговори, да креираат развојни планови и да управуваат со проекти, како и ефективно да управуваат со времето и ресурсите, а стекнуваат и знаења од областа на деловното работење, финансиите и продажбата. Обуките ги водат професионални обучувачи, а како ментори, на волонтерска основа, учествуваат и членови на лидерскиот тим и менаџери во Пивара Скопје. Реализацијата на овој проект е поддржана од Министерството за труд и социјална политика и од Агенцијата за вработување, особено во одредување на кандидатите на кои најмногу им се потребни ваков вид обуки, при што предност имаат младите од социјално ранливите категории.


Амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз рече дека е импресионирана од покажаниот интерес на учесниците во обуките за проширување на нивните практични вештини и знаења, како и од посветеноста на вработените и менаџментот на Пивара Скопје за креирањето на оваа корисна програма. Таа истакна дека ова е одличен пример како бизнисот, преку партнерство со јавниот сектор, може да даде вистински придонес во создавањето дополнителни можности и перспективи за младите. Амбасадорката упати пофалби за одличните резултати што се постигнати досега со оваа програма истакнувајќи дека дека таа заслужува поддршка од целата заедница.

За да се овозможи што поголем број млади да ги поминат обуките, Пивара Скопје организираше и обуки во Велес, Куманово, Гостивар, Кочани и Кавадарци, како и на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Посебни сесии беа организирани во општината Шуто Оризари, наменети за младите од ромската заедница, како и за младите во СОС Детско село. Минатата година беше лансирана и дигиталната платформа која на сите заинтересирани млади лица им овозможува да ја поминат целокупната обука по електронски пат.

За досегашните резултати во споведувањето на програмата „Вештини за успех“, Пивара Скопје има добиено повеќе признанија, меѓу кои и специјално признание од Претседателот на државата. Партнер на Пивара Скопје во реализацијата на овој проект е компанијата за деловна едукација „Мотива“.

Повеќе информации на www.polnacasa.mk

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга