Амбасадорката на Србија вели дека српски туристи не доаѓаат во Охрид поради автопатот
Објавено во: Економија 08 Јуни, 2019
Недоизградениот автопат Кичево - Охрид и доцнењето со неговото пуштање во употреба ги одвлекува српските туристи да го посетат Охридското езеро, смета Душанка Дивјак Томиќ, српската амбасадорка во Скопје. Српските туристи важат за најбројни странски гости секоја година во Охрид но нивниот број се намалува од година в година, според перцепцијата на туристичките работници.
„Српските туристи продолжуваат да доаѓаат, но не и во голем број. За жал, пред неколку години имавме непријатни инциденти тука и можеби тоа влијае негативно. Но, јас исто така мислам дека за тоа влијае и добра инфраструктура и врска со Грција и морето. Тешко е да се оди во Охрид. Знаете дека денес е многу полесно да се оди на Халкидики и околните центри отколку да одите во Охрид " вели амбасадорката Душанка Томиќ за „Алсат“.
Иако владата вети дека повисоките температури ќе ги интензивираат работите на автопатот Кичево-Охрид, сликата зборува дека нема изгледи дека изведувачот „Синохидро“ ќе ја заврши работата за брзо време.