Амбасадорот на САД во Русија поднесе оставка: Причината не е наведена
Објавено во: Свет 07 Август, 2019
Американскиот амбасадор во Русија, Џон Хансмен му ја предаде оставката на американскиот претседател Доналд Трамп и има намера да ја напушти функцијата на 3 октомври, според „Солт Лејк Трибјун“.
Оставката на Хансмен ќе стапи на сила во октомври, за да има доволно време да се именува негов наследник.
Дипломатот додаде дека претходно ги известил
претседателот Трамп и државниот секретар Мајк Помпео дека тој и неговото
семејство сакале да се вратат во Соединетите држави по две години работен стаж.
Хансмен истакна дека Соединетите држави мора да
продолжат да ја сметаат Русија одговорна за нејзиното „заканувачко однесување“
кон Вашингтон и нејзините сојузници.
Педесет и девет годишниот Хансмен е амбасадор на
Соединетите држави во Русија од 3 октомври 2017 година.
Тој претходно служеше како амбасадор во Кина и
Сингапур, а исто така служеше како заменик трговски претставник и гувернер на Јута.
Фото Youtube