19 Април, 2024
0.0249

АмЧам ја отвори Глобалната недела на претприемништво

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Во рамките на Глобална Недела на Претприемништво Американската стопанска комора (АмЧам) во партнерство со Стартап Македонијабеа домаќини на настанот “Како стартапите и корпорациите да остварат партнерство за успех" кој се оддржа на 18 ноември.

Извршната директорка на Американската стопанска комора Дијана Десподов, како и Игор Маџов, кo-основач на Стартап Македонија, Душко Јордановски, ко-основач на компанијата Х4 и претставници од три македонски стартапи: Импала, НЕТии Сторнест,зборуваа за тоакако стартапите и корпорациите можат да работат заедно за взаемна корист, како и за различните модели и примери на постоечки соработки.

Игор Маџов ги потенцираше аспектите во кои стартапите и големите компании се надополнуваат нагласувајќи дека постојат многу можности за взаемна соработка, особено во полето на иновирање бидејќи стартапите имаат поголема флексибилност во преземање ризици.  

Тим лидерот на проектот на македонскиот стартап Импала, ги запозна присутните со нивната алатка за неуромаркетинг кој се базира на најновите научни достигнувања од областите на економска психологија, неврологија, еволуциска психологија и маркетинг кои можe лесно да се имплементира од страна на корпорациите желни да иновираат без да превземат ризик.

На настанот свое учество зема и Душко Јордановски од Х4, македонска компанија која изработува софтверски решенија за големи глобални банки, кој ги запозна присутните со успешниот пат на компанијата и сподели лекции за тоа како да се соработува со големи глобални играчи.

Настанот беше проследен со вмрежување помеѓу членовите на АчЧам и македонските стартапи.

Глобалната Недела на Претприемништво е еднонеделна иницијатива организирана од 170 држави ширум светот, која обединува над 10.000 партнери во организација на околу 35.000 настани на  теми од областа на претприемништвото. Оваа иницијатива е празнувана ширум светот бидејќи на многу едноставен и директен начин овозможува поврзување на партнерите од екосистемот во насока на подобрување на условите за развој на претприемништвото во секоја од земјите. 


Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година