Амди Бајрам починал како позитивен на Ковид-19, ќе се бараат контактите од свадбата
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2020
Амди Бајрам бил позитивен на Ковид-19 на посмортен тестот на коронавирус, според информациите кои ги доби „Фокус“ од болницата „Жан Митрев“, каде што искусниот политичар денеска почина.
Епидемилозите сега имаат основ да ќе ги бараат контактите од присутните од свадбата во Турција, каде што минатата недела поранешниот пратеник организираше свадба за својата внука.
Бајрам почина денеска од срцеви проблеми на 64-годишна возраст откако претходно сериозно му се влоши здравствената состојба и се повлече од политиката.